Шпанскиот голман Икер Касиљас, денеска ја напушти болницата во Порто, во која беше хоспитализиран на 1. мај поради срцев удар кој го доживеа за време на тренинг.

Касиљас во друштво со својата поубава половина Сара Карбонеро и со насмевка на лицето, излезе од болница.

„Сакам да се заблагодарам на сите за пружената поддршка. Не знам што носи иднината, но најважно е што сега стојам пред вас и ви се обраќам. Ви благодарам“, изјави Касиљас пред прусутните стотина навивачи кои што го пречекаа пред болницата.

Касиљас тешко дека ќе може да продолжи со кариерата, барем така сметаат кардиолозите.