Игор Карачиќ ги игра последните денови во дресот на Вардар, по седум години верност од следната сезона ќе биде дел од Келце. Хрватскиот ракометар покажа како се сака и почитува тимот кој на сите оние имиња кои поминаа во таборот на „црвено-црните“ им ги отвори портите широко кон врвни европски имиња.

24 часа по пласманот на фајнл-фор завршницата, Карачиќ денот го заврши со една убава мисла…

„Кога ќе посакаш да се откажеш, сети се на причината поради која си издржал толку долго“, порача Карачиќ, кој на двата четвртфинални натпревари против Пик Сегед постигна 16 поени.

Вардар утре ќе го добие името на противникот во битката за титулата во Лигата на шампионите.