Македонската репрезентација во традиционално карате на Европскиот куп што се одржа на 4 и 5 мај 2019 година во Скопје е најуспешна репрезентација со освоени 30 златни, 27 сребрени и 29 бронзени медали во јуниорска, кадетска и детска категорија. Најуспешни натпреварувачи на ЕК со освоени по 5 златни медали од Македонија се: Мила Саздова во јуниорска конкуренција, Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција, Иван Трпковски, Камелија Недев и Матеј Мангаровски во категоријата за деца.

На второ, трето и четврто место по вкупен број на освоени медали беа репрезентациите на Романија, Кипар и Чешка. На ЕК учествуваа 178 натпреварувачи од 9 земји. ЕК го отвори спортскиот директор на МОК Владимир Богоевски, а свое обраќање имаа и проф. Венцислав Недев и др Дејан Недев кој како Генерален Секретар се обрати во име на ЕТКФ.