Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез на почетокот на 2018. година дојде во Манчестер Јунајтед од Арсенал како големо засилување. „Црвените ѓаволи“ направија се за да го донесат Чилеанецот и успеаја, а во спротивен правец го испратија Мхитаријан и погрешија.

Алексис во првите шест месеци беше очаен, а повеќето веруваа дека дека му треба време да се вклопи во екипата, меѓутоа, ни оваа сезона Чилеанецот не остави впечаток односно не исполни ни 1 отсто од тоа што се очекуваше од него.

Чилеанецот има договор според кој добива 400.000 фунти неделно (со бонуси), а сезонава не се наигра.

Она што е интересно, во анкета за тоа кој е најлошото засилување на Манчестер Јунајтед во историјата, Санчез убедливо го зазеде првото место со 70% од гласачите на онлајн-анкетата.

Далеку подобро од него помина Бебе (19%) кој претходно беше сметан за најлош играч што клубот од „Олд Трафорд“ го купил во историјата. Португалецот пристигна во ерата на Алекс Фергусон, а шкотскиот тренер тогаш призна дека го донел по препорака, а никогаш не го гледал како игра.

На третото место е аргентинскиот халф Анхел ди Марија со 6%, а Клеберсон, инаку првиот Бразилец кој заиграл за Јунајтед, доби 5% од гласовите.