Лестер на крајот на првенството би можел да излезе главен фактор во борбата за титулата. Кога во јануари и февруари беше во најголема криза и кога врза шест кола без победа единствениот бод го освои на „Енфилд“ (1:1) и на тој начин му помогна на Манчестер Сити да го стигне ривалот. Сега навивачите на „црвените“ се надеваат дека „лисиците“ би можеле на сличен начин да ги турнат нивните миленици кон врвот, меѓутоа ние не го делиме нивниот оптимизам. Факт е дека „лисиците“ играат добро, во претходното коло ја понижија екипата на Арсенал (3:0), а на крајот на декември на својот стадион го добија актуелниот шампион (2:1) меѓутоа, сето тоа сега не е доволно за да се запрат „граѓаните“ кои изгледаат незапирливо, барем кога е во прашање домашното првенство.

АНГЛИЈА 1 – 37.коло

МАН. СИТИ – ЛЕСТЕР
Понеделник, 21.00
Шифра: 2021

Наши предлози
ДП 11           1,92
КМБ      1-1&3+ 1,52
* Квотите подлeжат на промени

Избраниците на Пеп Гвардиола врзаа 12 првенствени победи, а меѓу нивните жртви во тој период беа Арсенал, Челси, Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Не само формата, се друго е на нивна страна пред овој натпревар – квалитетот, домашниот терен, мотивираноста. Единственоо менаџерот на Лестер Брендан Роџерс има личен интерес: во сезоната 2013/14 кога го водеше Ливерпул, Сити среќно му ја зема титулата.

Двете екипи немаат преголеми кадровски проблеми: вон стројот се Кевин де Брујн и Фернандињо од едната, односно Даниел Амарти од другата страна. Јасно е дека кецот нема алтернатива, а реално е да го испратат и многу голови, но квотите на тие опции се мали, па определете се за двојна победа на домашните или комбинација 1-1&3+.