Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оваа недела ја почна 250-тата седмица на првото место на АТП ранкингот. Ова е постигнување кое досега им успеало само уште четворица тенисери низ историјата.

Покрај Ѓоковиќ, повеќе од 250 недели поминати на чело на колоната најдобри светски тенисери имале и Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роже Федерер (310).