Претседателот на АБА Лигата Игор Додик истакна загриженост дека Евролигата може да им го одземе местото кое го има, а поради случувањата во финалните натпревари помеѓу Црвена Звезда и Будуќност во овогодинешната финална серија.

„Двата клуба дозволија нивниот меѓусебен спор да помине од рамките на здравиот разум. Разговарам неколку пати и со Небојша Човиќ и со Драган Бокан (претседателите на двата клуба). Сите знаеме што се случуваше и минатата сезона. Бокан беше за тоа да се смири топката, но Човиќ одби. После тоа седницата на АБА лигата се претвори во лакрдија и во нивна меѓусебна пресметка. Сето тоа станува мачно. Мислам дека не сме во ситуација такви сцени да ни се повторуваат. Договорот на АБА лигата со Евролигата истекува наредната година. Нема да ме чуди доколку челниците на Евролигата ни го одземат тоа место и ни кажат „Фала многу, пријатно“ – рече Додик.