Победа од 22 разлика за МЗТ во дербито со Работнички, или во бројки 85:63 во корист на тимот од Аеродром.

Речиси од почетокот „металците“ се стекнаа со предност, и како одеше крајот на натпреварот, само константно ја зголемуваа. Домашните беа супериорни уште од стартот (првата четвртина заврши 26:17), а потоа на полувремето дојдоа до +12 (48:36).

И третата и четвртата четвртина завршија во корист на МЗТ (19:18 и 18:11), за конечни +22 триумф во дербито, и зацврстување на првото место на табелата. За Работнички ова беше трет пораз во низа.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Иванов со 26 поени, додека кај гостинскиот состав Костов постигна 18.

Во првиот натпревар одигран денеска, Гостивар со 84:72 го совлада составот на Кожув.

25. КОЛО

МЗТ – Работнички 85:63

Гостивар – Кожув 84:72

ТАБЕЛА:

  1. МЗТ 47
  2. Работнички 45
  3. Гостивар 43
  4. Блокотехна 43
  5. Кожув 38
  6. Куманово 35