Вардаровите ракометари за првпат во настапите на Ф4 во Лигата на шамионите во Келн ќе ја имаат поддршката од домашните навивачи. Причината е едноставна – Кристијан Дисингер.

Германскиот интернационалец во „црвено-црните“ редови ќе биде единствениот Германец на теренот во „Ланксес“ арената. СПОРТМЕДИА пред реваншот во Сегед најави дека тој се предомисли и дека наместо на операција повредата на лактот на левата рака ќе ја санира со терапии се со цел да може да му помогне на тимот на фајнл-фор.

Трета година во низа Бундеслигата нема свој претставник во елитната завршница, па Дисингер ќе биде гордоста на домашните фанови, па од таму е и надежта дека ќе навиваат за Вардар.

Дисингер дека едвај чека да заигра дома, најави и сам преку социјалните мрежи „Ф4 може да дојде, едвај чекам да играм во Германија“ – порача бекот.