Европската ракометна федерација објави дека ќе покрене постапка за случувањата на теренот во последната минута од четвртфиналниот реванш меч во Лигата на шампионите меѓу Пик Сегед и Вардар одигран во неделата во Сегед.

ЕХФ во моментов ги собира извештаите од сите засегнати страни пред да одлучи дали ќе има и дополнителни санкции.

Колку за потсетување по стартот на Мораес над Банхиди, пикерот на Вардар си доби двеминутна суспензија и се упати кон клупата, по што Бомбач му се пушти да го турка од зад грб, а потоа скокна и комплетната клупа на Пик Сегед, а на ваквата нивна реакција очекувано вардарци возвратија со иста мера.

Потоа следуваа вербални дуели и меѓу Пастор и Парондо, меѓу играчите на двата тима, дел од фановите на Пик Сегед исто така почувствуваа потреба да се пресметаат со вардарци, но за среќа се мина мирно и без понепријатни сцени.