Ливерпул е во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019. Да, добро прочитавте. Вечерва „црвените“ ја анулираа предноста на Барселона, па дури и успеаја во регуларниот дел да дојдат до финалето од Лигата на шампионите.

Малку кој им даваше шанси на англичаните после оние 3:0. Меѓутоа момците на Клоп се надминаа себе си, ја решија Барселона, полека полека ја топеа предноста, и на крај стигнаа до посакуваната цел.

Ориги донесе 1:0, потоа Вајналдум со два гола донесе 3:0, за на крајот Ориги со вториот гол да донесе и предност за Ливерпул.

Каква ноќ на „Енфилд“, ноќ која што долго ќе се раскажува. На Барселона им се повтори историјата, и лани беа елиминирани на ист начин од Рома, и сега повторно, овој пат од Ливерпул.

Уживајте во сите четири гола на Ливерпул и пласманот во финалето.