Фановите на Ливерпул синоќа им приредија вистински „пекол“ на фудбалерите на Барселона во хотелот каде што беа сместени пред денешниот реванш меч од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Минатата ноќ група домашни навивачи поставија огномет под прозорците на хотелот каде е сместен каталонскиот тим, во обид да ги остават без сон во пресрет на денешниот меч. Навивачот кој го снимил настанот го нарекол „Будење на Меси“.