Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо го чека тешка задача, да направи тактика со која ќе победи еден своите поранешни тренери, Чави Пасквал и Барселона, доколку сака Вардар да се најде во финалето на Ф4 во Келн.

Шпанецот вели дека пред се, ќе им порача на играчите да уживаат и да го дадат најдоброто од себе.

„Барселона!!! Сите велат дека тоа е најдобриот тим во моментов. Имаме три недели до Ф4 во кои ќе мора многу да работиме за да бидеме подготвени, да работиме и да мислиме како да им направиме проблеми на Барселона како во нападот, така и во одбраната. Но, пред се ќе им кажам на играчите на уживаат на Ф4 и да играат најдобро што знаат и можат. Без разлика што ќе се случи. Нема притисок, само ракомет“ – вели тренерот на Вардар, Роберто Парондо.