Жорди ван дер Лаан е 25-годишен фудбалер, кој до пред неколку дена бил дел од холандскиот второлигаш Телстар. Ван дер Лаан сега е без клуб поради тоа што камерите го снимиле како го гледа дуелот помеѓу Тотенхем и Ајакс во рамките од првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Ван дер Лаан неколку дена претходно му рекол на тренерот дека е болен. На денот на натпреварот тој истакнал дека ќе мора да го пропушти тренингот, и дека болеста не мирува. Но… потоа бил „фатен“ од камерите на преносот во живо.

„Повеќемината од клубот знаеја дека ќе одам во Лондон. Ја имав таа несреќа камерите токму мене да ме снимаат, и тоа три пати“, изјавил ван дер Лаан.

Тој откако се вратил од Лондон веднаш бил повикан од страна на директорот, кој му ги покажал снимките, и потоа следувал – отказ! Сепак, тоа е сериозна земја, и покрај тоа што сте се работи за второлигаш.