Постои голема можност по само една сезона мината на клупата на „светците“, екс-селекторот на Македонија Раул Гонзалез да остане без работа. Имено како што пишуваат медиумите во Франција, шеиците од Катар немале намера веќе да трошат богатство за ракометната секција на ПСЖ, посебно сега кога тимот не само што не успеа да дојде до шампионската титула во Европа, туку воопшто не се ни пласира на Ф4 во Келн.

Разочарувањето е огромно кај Катарците, на кои никако не им оди во европски рамки ни во ракометот. Токму затоа лани беше доведен екс – стратегот на Вардар кој во 2017 успеа да стане европски шампион. Но ни Раул, како претходно ни Звонимир Сердарушиќ не успеваат во Париз да го донесат драгоцениот трофеј.

АСТРОНОМСКИ БУЏЕТ ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

Се коментира дека ПСЖ ни со буџет од 20 милиони евра, ни со Карабатиќ, Абало, Хансен, Гензхајмер, Омејер, Сагосен, Степанчиќ и останатите ракометни мега-ѕвезди, никако не успева да се качи на кровот на ракометна Европа. Токму затоа Насер Ел-Келаифи рекол – ДОСТА Е.

Кога сме кај буџетите се вели дека новиот шампион на Германија, тимот на Фленсбург имал само седум милиони евра буџет, на Вардар истиот е проектиран само на три милиони, па така вардарци со седум пати помал буџет од ПСЖ може да ја освојат својата втора титула првак на Европа во последните три години, што за ПСЖ тоа е просто незамисливо.