Сопственикот на англискиот клуб Болтон, Кен Андерсон објави дека е оставен со “мал или никаков избор” околу иднината на клубот, кој по се изгледа, ќе мора да оди во стечај. 

Постапката е во тек во Судот, бидејќи клубот е во тек на ликвидација поради побарувачка на заостанати обврски од над 1,2 милиони фунти. Стечајот ќе резултира со префрлање на клубот во Лига 1, а новата сезона ќе ја почне со минус 12 бода.