Тотенхем на мегдан со Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите на 1 јуни на „Ванда Метролопитано“ во Мадрид. Тоа ќе биде англиско финале во елитното клупско натпреварување во Европа и борба за „ушестиот“ пехар.
Ливерпул ќе го брка шестиот трофеј во деветтото финале, а Тотенхем првпат е во финалето.
Вторпат во историјата се случува две англиски екипи да се соочат една против друга во финалето на ЛШ. Претходно тоа се случи во сезоната 2007/08 кога на „Лужники“ во Москва играа Манчестер Јунајтед и Челзи. Тогаш „сините“ го освоија пехарот по подобро изведување на пеналите откако претходно мечот заврши 1:1.
Би било уште поинтересно и првпат во историјата ако гледаме англиско финале и во Лига Европа. Арсенал има предност од 3:1 против Валенсија, а Челси извлече 1:1 против Ајнтрахт во Германија, а во четврток игра на „Стемфорд Бриџ“. Значи големи се шансите и тоа да се случи.
Се вкупно гледано, ова е трет англиски дуел во финале на европските купови. Во 1972 година Тотенхем и Вулверхемптон Вондерерс ги одмериле силите во финалето на Купот на УЕФА. „Спарс“ победиле со 2:1.
По Арсенал, Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Тотенхем е петтиот англиски клуб кој стигнал до финале на Лигата на шампионите. Тоа е рекорд.
🏆 The 2019 #UCLfinal is set! 🏆
Tottenham 🆚 Liverpool#UCL
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 8, 2019