ЕХФ од поодамна ги соопти номинациите за најдобрите во Лигата на шампионите оваа сезона. Гласањето е во тек, а во трката за тренер на сезоната е номиниран и предводникот на нашиот првак Вардар, Гарсија Парондо. Во конкуренција за признанието влегуваат и екс-тренерот на Вардар, Раул Гонзалез од ПСЖ, Чави Пасквал (Барселона), Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед), како и Маик Мачула од Флензбург.

Гласањето се одвива преку специјалната апликација на ЕХФ.