Довчерашниот тренер на екипата на Рома, Еузебио ди Франческо, е главен кандидат за нов тренер на Севиља, објави шпанска „Марка“.
Ди Франческо ќе се преслеи во Шпанија, само поради спортскиот директор на клубот, Мончи, со кој помина одличен период на соработка во екипата на Рома помеѓу 2017 и 2019 година.

Стратегот беше отпуштен од римскиот состав во март по елиминацијата во групната фаза од Лигата на шампионите. Самиот Мончи исто така веднаш замина од Рома и реши да се врати во својот поранешен клуб Севиља, каде сега се во потрага по нов стратег за следната сезона.

Шпанските медиуми објаснуваат дека италијанскиот специјалист и спортскиот директор имаат одлични врски, а неодамна, поранешниот тренер на Рома беше поканет да го гледа дербито меѓу Севиља и Реал Бетис на стадионот „Рамон Санчез“.