Уште една драматична вечер во Лигата на шампионите. Меч за кој долго ќе се зборува. Ајакс пропушти голема шанса да се најде во финалето после пауза од 23 години. А таму за првпат во историјата ќе игра Тотенхем откако на магичен начин се врати од мртвите и се пласира во финалето. По оние 0:1 од Лондон, на Тотенхем му беше потребна победа на „Јохан Кројф арената“ со два разлика, а по првото полувреме се чинеше дека тука ќе заврши авантурата. Ајакс поведе со 2:0 и го држеше билетот за финале во своите раце. Но што се случи во второто полувреме? Чудо. Што им кажа Почетино на своите момци не знаеме, но тие како да беа од друга планета. Се растрчаа на сите страни, притискаа и притискаа и го урнаа Ајакс. Лукас Моура со два брзи гола го изедначи резултатот, а во финишот кога се чекаше последниот свиреж на судијата Бразилецот се најде во уште една ситуација и го погоди ајаксовиот гол за победа на Тотенхем од 3:2 и пласман во финале (поради повеќе голови во гости).