После враќањето од репрезентативните натпревари против Летонија и против Словенија, Елиф Елмас игра одлично и во тимот на Фенербахче. Игра во врвна форма, постигнува голови, дели асистенции, но како дојде до тоа?

Имено, Ангеловски му даде сосема друга одговорност на Елмас за натпреварите со Словенија и со Летонија, и пред се слобода. Тој го уфрли во офанзивниот дел од средниот ред, наместо во дефанзивниот. Затоа овој врати со добри игри и со два гола и една асистенција на тие два меча.

Во Фенербахче, играше како последен играч за врска, или како крило. Затоа селекторот Ангеловски дал предлог до тренерот на Фенер да го стави поофанзивно. Ерсун Јанал послуша, и исходот е тој: два гола, од кои едниот со вечниот ривал Галатасарај.

Се чини дека позицијата е најдена, и скаутите веќе го имаат запишано во тефтерот. Останува само да се види кој ќе понуди најдобри услови.