Палермо е во паника по можноста да го загуби Илија Несторовски за последниот меч од сеозната против Цитадела. Капитенот се жали на повреда, а Палермо мора да победи ако сака да остане во игра за пласман на второто место и директно учество во Серија „А“. За такво нешто ќе треба Лече да не победи против Специја.

Во секој случај ова е непријатна вест за Палермо. Во најдобар случај Несторовски би можел да почне од клупата, па да чека шанса за настап.

И Цитадела се бори за пласман во плеј-офот. Последното коло се игра на 11. мај по што ќе се знае дали Палермо директно ќе се пласира во Серија „А“, или ќе бара шанса преку плеј-оф.