Со голот на Петар Петковски во 33. минута, екипата на Работнички на полувреме води со 1:0 против Вардар, тим кој што имаше повеќе шанси и може да жали за овој резултат. Во Тетово е мирно, комбинираниот тим на Шкендија сеуште не може да постигне гол против Силекс, кој имаше две идеални шанси. Беласица поведе против Ренова со голот на Мирчески, но Гафури израмни. Додека во Турново со голот на Дориев екипата на А.Пандев води против Победа, и во Ѓорче по првите 45. минута „лавовите“ водат со голот на Тантуровски.

 

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0:1

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 0:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 1:0

А. ПАНДЕВ – ПОБЕДА 1:0

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА 1:1