Вардар и Рабтнички во 67.соседско дерби одиграа 1:1. Тоа беше солиден натпревар во кој домашните имаа повеќе од играта, имаа и повеќе шанси. Да кажеме и тоа дека речиси половина час „романтичарите“ играа со играч помалку откако Вијачки беше исклучен. Петар Петковски во 33. минута му досене водство на Работнички, додека Дарко Мицевски во 50. минута израмни. И со овој бод Работнички се наоѓа во опасната зона.

И РЕНОВА „КЛЕКНА“ ПРЕД „МОЌНАТА“ БЕЛАСИЦА

Навистина чудно, Ренова имаше водство од 2:1 среде Струмица, но тогаш домашните како да фрлија се на една карта и со головите на Милушев по катастрофалната грешка на голманот Ѓуриќ, а потоа и со убавиот гол на Георгиев во 90+1.минута успеа да ја продолжи серијата. Каде ли ќе биде и биде крајот на Беласица. Претходно голот за Беласица го постогна Мирчески а за гостите Гафури и Кадриу. Шкендија и Силекс одиграа без победник, без голови. Шампионот настапи со комбиниран тим, имаше и шанси, но исто така свои зицери имаше и Силекс. Реално реми за грижи за кратовци.

„ПАНДЕВЦИ“  ПО НАВИКА, „ЛАВОВИТЕ“ СО ТРИУМФ

А. Пандев на мечот со Победа застана на четири, односно победи со 4:0. Дориев, Томовски, Мишов и Илиев беа стрелците. Македонија ЃП со погодокот на Тантуровски стигна до екстремно значајна победа. Тие три бода против Шкупи се многу, многу значајни

 

РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1:1

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 0:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 1:0

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА 3:2

А.ПАНДЕВ – ПОБЕДА 4:0

#🇲🇰 КЛУБОдиграниПобедиНерешениПоразиДГПГБодови
1Акад. Пандев1173114224
2Вардар1173115424
3Шкупи1144312916
4Македонија ЃП11443131216
5Шкендија1142511714
6Струга ТЛ11425111614
7Ренова1141681413
8Силекс11407121612
9Борец1132691811
10Работнички1131781510

 

ВИДЕО

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА 3-2

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 1-0

АКАДЕМИЈА – ПОБЕДА (Гол на Дориев за 1-0)