Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев, освен што ја освои шампионската титула во француското првенство со екипата на Париз Волеј, успеа да се закити и со уште едно големо признание.

Неговите настапи во текот на сезоната го ставија и во изборот на најдобрата постава на сезоната. Ѓорѓи Ѓорѓиев е дел од Дрим Тимот на сезоната во француското првенство како најдобар техничар.