Соседското дерби број.67 заврши со резултат 1:1, исход со кој и двете екипи неа беа задоволни. Вардар дека прими гол, односно Гачевски не успеа да ја сочува својата мрежа чиста и така да се израмни со рекордот на Пачовски. Додека Работнички и со овој бод и натаму ја влошува својата ситуација на табелата. Сега клубот од Градски парк го чека пекол како би изборил опстанок. Веќе во недела игра со Македонија ЃП, потоа гостува кај Беласица и на крај игра со Шкупи. А Работнички има само два бода предност пред осмиот Силекс и само три повеќе од деветтата Беласица.