Лондонски Арсенал е првиот финалист во Лигата на Европа откако вечерва и на реваншот против Валенсија на гости, го совлада шпанскиот тим со 2:4. Со тоа со вкупни 3:7 патува на финалниот натпревар во Баку.

Гамеиро во 11. минута донесе водство за Валенсија, и се чинеше достижна предноста на англичаните. Но Аубамејанг веднаш израмни во 17. минута, а потоа во 50. Лаказет донесе водство. Трошка надеж донесе голот на Гамиеро во 58. минута. Меѓутоа Арсенал во финишот даде „гас“ и со два гола на Аубамејанг, успеа да победи и да се пласира во финалето.

За противникот ќе почека уште малку затоа што Челзи и Ајнтрахт играат продолженија.