истовремено работи на селекцијата. Клубот успеал да се договори со ривалскиот клуб Хофенхајм за играчот Керем Демирбај поточно одлучил да ја активира откупната клаузула на играчот со клубот од Зинсхајм која изнесува 28 милиони евра. Германецот со турско потекло би станал најскапото засилување на Баер во историјата, а договорот ќе му биде до 2024 година.

Ќе ги засени трансферите на Лукас Аларио (24 милиони евра), Кевин Фоланд (20 милиони евра) и Паулињо (18,5 милиони евра).

А Баер направи добра зделка затоа што Јулијан Бранд ќе ја напушти „Бај арена“ по завршувањето на сезоната. Се зборува дека ќе премине во Борусија Дортмунд за 25 милиони евра, а Баер не чекаа многу и веднаш најдоа замена.

Демирбај игра одлично во Бундеслигата, а сезонава на 24 меча постигна четири гола и запиша осум асистенции.