Синоќа Барселона свикала итен состанок по повод најновите случувања во клубот и срамната елиминација од Лигата на шампионите. Раководните луѓе имале состанок на која се преиспитувала работата на Ернесто Валверде, како и играта на некои фудбалери. Барселона иако ја освои шампионската титула во Шпанија, не делува толку убедливо, а пред се доминираше поради лошите сезони на конкурентите пред се на Реал и Атлетико. Иако има и финале очигледно првите луѓе многу ги заболе елиминацијата од Лигата на шампионите и покрај тоа што имаа огромна шанса за финале.

ВАЛВЕРДЕ ДО ЛЕТО И ПОСЛЕ ВО „АУТ“?

Според каталонските медиуми, пред се „Ел Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона ќе го отпушти Валверде по завршувањето на сезоната. Иако тој во февруари го продолжи договорот до 2020 година во него стои клаузула дека клубот може да ја раскине соработката без да му плати отштета. Поточно може да го отпушти тренерот без надокнада уште летоска штом почне да тече новиот договор до 2020 година.

Тоа најверојатно ќе се случи, а се тврди дека желба на каталонскиот клуб е Роналд Куман. Легендатата на клубот кој ја донесе првата европска титула е логичен избор со оглед на тоа дека од идната сезона се планирани холандски играчи, Де Јонг веќе е договорен, а се зборува дека и Де Лихт ќе пристигне на „Ноу Камп“.

ДЕСЕТ ИГРАЧИ ЗАМИНУВААТ

А дури десет играчи се на списокот на непожелни, односно ќе им биде кажано од почетокот на летниот преоден рок да си бараат нови клубови. Џејсон Муриљо и Кевин-Принс Боатенг се враќаат во Валенсија и Сасуоло откако ќе им истечат позајмиците.

Томас Вермален заминува. Тој често пати е повреден и Барса не може да смета на него постојано. Договорот му истекува ова лето и нема да биде обновен.

Покрај Марк-Анде Тер Штеген на Барса не и треба Јаспер Силесен. Идејате е тој да биде продаден за 30 милиони евра или ако не успеат во тоа да го позајмат на некој клуб.

Од Филипе Кутињо многу се очекуваше, а Бразилецот малку покажа. Беше платен многу пари, но потфрли или не се снајде покрај силната конкуренција. Се бара купец за него, дали тоа ќе биде ПСЖ или некој премиерлигаш останува да видиме.

Самуел Умтити исто така често е повреден отколку што игра. Французинот постепено беше изместен од Клемен Ленгле, а ако Де Лихт пристигне, тоа дефинитивно ќе значи заминување на Умтити. И бразилското крило Малколм може да не биде дел од составот за идната сезона ако на адреса на Барса пристигне понуда. Беше купен за 41 милион евра, но одигра просечно, а клубот би бил задоволен и со 35 милиони евра.

И младиот Жан-Клер Тодибо ќе биде пратен на позајмица за да собира искуство во други клубови.

Интересна е ситуацијата со Ракитиќ. Сребрениот од Мундијалот 2018 е еден од играчите кој Валверде му верува. Со новиот тренер ситуацијата ќе биде поинаква, а и политиката на Барса се менува. Ќе се бараат помлади играчи, а Ракитиќ кој има 31 година ќе може да бара нов клуб.

Рафиња и Денис Суарез исто така не се во плановите. Било каква понуда за нив ќе ги задоволи челните луѓе на клубот.