Бранителот на титулата во женскиот Куп на Македонија, ЖРК Вардар прв обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во ова натпреварување. Во полуфиналниот меч со „црвено-црните“ дами со 27:18 (16:12) ја елиминираа Стружанка.

Ривалите рамноправно играа до 6:6, по што следуваше серија од 4-1 (11:7) која се покажа како клучна за завршиот резултат. На полувремето вардарки заминаа со 16:12, а потоа во вториот дел имаше константна контрола над случувањата на теренот и со 27:18 се промовираше во финалист.

Костовиќ со 7 гола и Ѓеоргиевска со 5 погодоци беа најефикасни во редовите на Вардар, додека Маркоска беше прв стрелец во редовите на Стружанка со седум погодоци.