Вториот патник во финалето од Лигата на Европа ќе го добиеме дури по продолженија, ако треба и пенали затоа што на „Стемфорд Бриџ“ мечот заврши исто како во Германија.

Повторно Јовиќ е спасителот на Ајнтрахт кој израмни, откако Челзи во првиот дел водеше преку Лофтус Чик.

Арсенал го чека својот противник во финалниот натпревар. Лондонските „топџии“ се пласираа по победата над Валенсија од 2:4.