МЗТ Скопје со 89:88 го совлада составот на Кожув. На „металците“ им беше потребно едно продолжение да дојдат до овој триумф и да се зацврстат на првото место на табелата.

Во текот на првиот дел МЗТ беше цело време во водство, но Кожув успеа да врати во третата четвртина која ја доби во своја корист, а во последната беше нерешено. Потоа Металците успеаја да дојдат до бодовите.

Дамјан Стојановски кај победничкиот тим беше најефикасен со 22 поени, и тој беше единствениот со над 20 поени. Кај гостите Кесар постигна 16 поени.