Во организација на Македонскиот олимписки комитет, со поддршка на МКФ, клубовите Работнички и МЗТ Скопје, како и Агенцијата за млади и спорт, денеска во Скопје беше организирана Академија по повод 80. роденден на легендата на македонската кошаркa, Лазар Лечиќ. Во Скопје на едно место се собраа легендите од поранешните југословенски простори со кои Лечиќ имаше чест да работи во минатото. Некои денеска дојдоа како прославени кошаркари, некои како врвни тренерски имиња. Сите го знаат Лазо по неговиот енергичен дух, но и бројните анегдоти од заедничката работа и дружење.

На Академијата, Лечиќ доби многу пригодни подароци, благодарници од присутните, меѓу кои беа и премиерот, првите луѓе на неколку спортски федерации, познати кошаркарски и спортски имиња…

Во Скопје речиси никогаш на едно место не биле Новосел, Маљковиќ, Тањевиќ, Данеу, но за Лазо сите најдоа време да дојдат.