Во чест на 80-от роденден на легендата на македонската кошаркa, Лазар Лечиќ во Скопје се собраа легендите од екс-ју просторите. Дел од нив излегоа на заедничка прес-конференција, пред главниот спектакл кој ќе се одржи во хотеот „Александар Палас“ со почеток во 13 часот.

Времето беше кратко, но сите имаа по некоја своја приказна, со големо задоволство зборуваа за времето минато со Лечиќ. Интересно беше да се слушне по некој збор за оние далечни убави времиња.

Во Скопје речиси никогаш на едно место не биле Новосел, Маљковиќ, Тањевиќ, Данеу…

„Во Скопје доаѓам често доволно говори фактот не дојде оној што не е жив и тој што не можел, учев доста од него, успеваше да земе големи екипи, да извади од момците максимум, играше богата кошарка, кога ќе ја видите таа игра, таа го дакава карактерот на тренерот, имам голема почит“, рече Маљковиќ.

Буштур беше краток: Нема што да зборувам многу, таква чест му направија овоие легенди покрај мене, што и да кажам ќе биде бледо и недоволно“.

„Кај беше двапати тренер. Тој сакаше секоја вечер до два часот да зборува за кошарка. Имаше клуб кој беше отворен додека имаше гости, му реков не можам секој ден да седам толку доцна, морам да одам на работа. Ние го викавме Грк, имаше нерви за тргување не знам дали тргуваше во кошарката“, се насмеа Иво Данеу.

Тањевиќ додаде: Сентиментален…