Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид и германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ го продолжија своето партнерство на уште осум години до јуни 2028 година. “Кралскиот клуб” официјално веста ја потврди доцна синоќа. „Адидас“ ги дизајнира и произведува дресовите на Шпанците од 1998 година. Двете страни се согласиле да молчат за условите на договорот, но првите шпекулации веќе се појавија.

Според „Марка“ која е блиска до клубот, договорот ќе изнесува 120 милиони евра по сезона, што значи дека за новите 8 години и една преостаната од партнерството, Реал (М) ќе инкасира 1,08 милијарди евра. Досега, вкупниот износ на спонзорскиот договор изнесуваше 100 милиони евра годишно.