Кошаркарите на Работнички ставија крај на серијата порази и со 97:71 славеа над Куманово, кој и натаму нема победа во натпреварите од Суперлигата.

Неизвесни беа само воведните пет минути, 9:6, додека во продолжението Работнички диктираше темпо. Двоцифрени 24:12 по крајот на првиот период, потоа уште повисока предност на полувремето (53:29), а се до крајот беше рутина за убедлив триумф.

Бобан Станиќ со 24 поени и 12 асистенции беше прв играч на Работнички следен од Марјан Јанески со 22 поени, додека во редовите на Куманово, Бранислав Ѓекиќ постигна 20 поени, а Адем Мекиќ и Леонид Тодоровски имаа по 12 поени.