Најдобрата женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекува баражот со Словенија за пласман на Светското првенство 2019 во Јапонија, а првите луѓе на РФМ, веруваат дека токму овој двомеч е шансата за враќање на женскиот репрезентативен ракомет на голема врата.

„Предизвикот е голем! Задоволен сум од сработеното досега и се надевам дека ќе бидеме конкурентни и во овој двомеч со Словенија и дека и дамите ќе ги видиме на едно големо натпреварување. РФМ ќе ги награди девојките со премија од 30.000 евра за пласман на СП“, вели претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Селекторот Симе Симовски, објасни дека неофицијално девојките ќе се соберат на 20 мај, додека официјалниот старт е 27 мај, пред натпреварите кои се играат на 2 јуни во Скопје, односно 6 јуни на гостински терен, во Целје.

„Се е можно, спорт е! Се надевам дека добрата игра, сам по себе ќе донесе и добар резултат“ – заклучи Симовски.

Задоволство и оптимизан изразија и членовите на УО на РФМ.

„Верувам дека 2 и на 6 јуни ќе бидат денови на големо враќање на жените. Словенија е фаворит во двомечот, но не е невозможно да се победи. Верувам дека е време женскиот репрезентативен ракомет да го видиме на едно големо натпреварување“, оптимист беше Гордана Нацева, член на УО на РФМ.