Силекс конечно успеа да остане непоразен од Шкендија и тоа во Тетово, во меч во кој момците на стратегот Горан Симов одиграа 0:0 на гости кај шампионот.

„Добро е тоа што ја прекинавме таа навистина лоша серија за нас, добро е што освоивме бод кај шампионот. За самиот меч можам да кажам само фала му на Господ што останавме непоразени. Но дуелот со Шкендија е зад нас, сега ни претстојат навистина три тешка меча од кои ќе зависи нашата судбина. Прво играме со Вардар дома, потоа му гостуваме на тимот на Македонија ЃП во Ѓорче и на крај се среќаваме со Беласица во Кратово. Секако дека посакувам да освоиме што повеќе бодови и да избориме опстанок“ истакна стратегот на кратовци Горан Симов.