Според наше мислење Дејан Тантуровски, играчот за врска на Македонија е играчот на 33.коло кое се одигра вчера. Токму тој беше и стрелецот на победничкиот гол за „лавовите“ на многу значајниот натпревар со Шкупи. Покрај него, од тимот на Македонија ЃП во тимот на колото се и Андре Пеналва и Остоја Стјепановиќ. Од Вардар има двајца, тоа се Дарко Мицевски и Коста Манев, од Работнички исто двајца и тоа голманот Ристе Јанков и Петар Петковски. Беласица ја победи Ренова со голот на Пепи Георгиев, добар беше и Александар Милушев, додека од Силекс во тимот на колото е Благојевиќ а од А. Пандев голгетерот Дориев.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ДЕЈАН ТАНТУРОВСКИ

Тим: Македонија ЃП

Роден: 12.08.1992

Кариера: Металург, Орашје, Македонија ЃП