Битките за шампионската титула во машкото и женското национално одбојкарско првенство стартуваа во средината на оваа недела, а бранителот на титулата Џио Струмица и Шутова го направија првиот чекор кон финалето кај мажите, додека Работнички кај дамите.

Во првите натпревари од полуфиналето на плеј-офот, Струмица на домашен терен славеше над Вардар со 3:1 каде со исклучок на првиот сет, кој домашните одбојкари го добија убедливо, во останатите сетови одлучуваа нијанси. Реваншот се игра в сабота и доколку вардарци не успејат да слават, тогаш струмичани ќе се најдат во финалето,

Шутова, пак, беше убедлива на гостувањето кај Универзитет во Тетово и дојде до трета победа пролетва над тетовскиот тим.

Во женска конкуренција, пак, финалистите од Купот, Работнички Скопје со 3:1 го победи Наковски Волеј и ја продолжи позитивната серија во меѓусебните дуели сезонава.

Во второто полуфинале Работнички Жени вечерва од 20:30 часот ќе се соочи со актуелниот шампион Јанта Волеј.

ПОЛУФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ

1.МЕЧ, МАЖИ:

Џио Струмица – Вардар       3:1 (25:16, 25:22, 22:25, 25:23)

Универзитет Тетово – Шутова         0:3 (17:25, 22:25, 18:25)

1.МЕЧ, ЖЕНИ:

Работнички – Наковски Волеј          3:1 (25:21, 26:24, 17:25, 25:18)

Работнички Ж. – Јанта Волеј           вечерва