Македонскиот стратег, Емил Рајковиќ бележи големи успеси во својата кариера. Откако со казахстанската Астана успеа да испише историја, влезе меѓу шестте најдобри екипи и запиша рекордни 15 победи во силната конкуренција, а претходно го освои националниот Куп, Рајковиќ сосема заслужено е прогласен за најдобар тренер во ВТБ-лигата.

Нашиот тренер влезе во друштво на тренерски имиња како Димитри Итудис, Васили Карашев и Римас Куртинаитис.