Кирил Лазаров денеска го прославува 39. роденден. Капитенот на македонската репрезентација и оваа сезона покажа дека годините не се важни, барем за него. „Бомбардерот“ игра одлична сезона во дресот на Нант, но за жал нема да го видиме на фајнл-фор завршницата во Келн. Неговиот тим беше елиминиран од Барселона во четвртфиналето.

Отсуството на Ф4 нема да го смени фактот дека Лазаров е број еден стрелец во Европа, тој и натаму е на првото места на вечната листа со над 1.200 голови. Македонскиот „бомбардер“ во октомври 2015 година на дуелот против Пик Сегед постана првиот ракометар кој стигнал до бројката од 1.000 погодоци. Минаа четири години, а досега никој не успеа да го мине нашиот капитен, зад него се Карабатиќ и Рутенка.

Со оглед на тоа дека и следната сезона најверојатно со Нант ќе играат во ЛШ, најмалку уште една сезона ќе биде на врвот.