Легендата на Веспрем и на унгарскиот ракомет Ласло Наѓ најави дека става крај на кариерата по завршувањето на сезоната.

Десниот бек на 38-годишна возраст се одлучи да му каже збогум на ракометот, а со оглед на тоа дека тој и Веспрем се дел од Ф4 во Келн во Лигата на шампионите постои шанса тој да каже збогум и од врвот на Европа.

Интересно е дека Наѓ во својата кариера има играно само за три клуба, Пик Сегед, Барселона, со која го има и најголемиот клупски успех и со која двапати ја има освоено Лигата на шампионите (2005 и 2011), како и Веспрем, чии дрес го носи од 2012 година.

Иако се уште е неофицијално, Наѓ, најверојатно ќе ја превземе функцијата спортски директор на Веспрем, барем такви се најавите на клубот.