Ракометарите на Вардар преку Металург во финалето на Ф4 од Купот на Македонија во Куманово ќе го бркаат 14 куп трофеј во клупската историја.

Ја минаа првата пречка Еурофарм Работник во полуфиналето, а подготвени се и утре да докажат дека пехарот треба да остане во „црвено-црните“ витрини.

„Дојдовме подготвени за Еурофарм Работник. Одигравме кај нив еден лош првенствен меч, и денеска дојдовме подготвени да победиме и да стигнеме до финалето, кое е од големо значење за нас. Се надевам дека и во финалето ќе го дадаме својот максимум и ќе го победиме Металург. Сепак е тоа дерби и не знаеме што не очекува. Металург е една млада и добра екипа и ќе играме максимално. Мислам дека титулата треба да остане кај Вардар и тоа сме подготвени да го докажеме утре“, изјави голманот на Вардар, Дејан Милосављев.

Вардарци имаат густ распоред, но тоа не им пречи да одговорат на обврските.

„И Парондо играчите и Периќ нас голманите мислам дека успеаваат да не одморат добро. Имаме сите доволно простор и секој се обидува да придонесе најдобро што може“, заклучи голманот.