Барселона не успеа да се најде во финалето на Лигата на шампионите, Ливерпул приреди сензација ја надокнади негативата од три гола и заслужено се најде на чекор до пехарот.

Во јавноста и натаму не стивнуваат реакциите по двата одиграни реванш меча од полуфиналето, а овој пат свој коменатар имаше и легендарниот Бразилец Ронадло.

„Барселона има страшен тим со најдобрите играчи во светот. Но, не е праведно, кога победува, победата е на Меси, а кога губат тогаш виновни се Валверде и Кутињо. Тоа е неправда кон екипата, Меси беше одличен на првиот меч, но на реваншот беше виновен исто како и останатите“, рече Ронадло.

Тој ја коментираше и ситуацијата во Реал Мадрид.

„Не може да победуваат секогаш, фановите се размазени. Нема никаква драма.