Тотенхем конечно ќе стави крај на постот во предоните рокови. Андре Гомеш, кој оваа сезона игра за Евертон како позајмица од Барселона е на добар пат да го засили тимот. Каталонски „Спорт“ пишува дека челниците на Барса ја прифатиле понудата од Тотенхем вредна 30 милиони евра.

Но, овој трансфер нема лесно да се случи, Евертон сака да го задржи португалскиот фудбалер на „Гудисон Парк“. Гомеш одигра 26 натпревари во Премиер-лигата, постигна еден гол и една асистенција.

Добро е познато дека Тотенхем штедеше пари за да го изгради својот нов стадион, едно време на големо се зборуваше дека ниту најголемите ѕвезди во тимот не се платени како главните фудбалери во другите клубови. Пласманот во финалето во Лигата на шампионите најверојатно е причината поради која првиот човек, Даниел Леви ќе се фати за џебот.