Слоганот: „фудбалот е за фановите“ треба да се преиспита во УЕФА, сметаат навивачите на четирите англиски клубови кои ќе играат во финалето на Лигата на Европа односно Лигата на шампионите.

Челси и Арсенал ќе ги одмерат силите во финалето на Лига Европа на 29 мај на стадионот во Баку кој е со капацитет од 64,000 места за седење. Но она што е загрижувачки е што навивачите на двата клуба ќе добијат само по 6,000 билети за одлучувачкиот меч за трофејот во главниот град на Азербејџан.

Дури 37,500 билети се за „Фудбалската фамилија на УЕФА“ односно за фудбалските љубители ширум светот, а останатите 14,500 за спонзорите.

Исто е и со финалето на Лигата на шампионите на „Метрополитано“ во Мадрид со капацитет од 67,830 гледачи. И Ливерпул и Тотенхем заедно ќе добијат 16,313 билети, а другите ќе ги добијат фудбалските љубители ширум светот, пријатели на УЕФА и спонзорите.