Шалке 04 објави дека идната сезона ја почнуваат со Давид Вагнер на клупата. Клубот од Гелзенкирхен објави дека нема да ја продолжи соработката со Хуб Стевенс и ќе оди на нова варијанта. И го одбра поранешниот свој играч, како и до пред неколку месеци тренер на Хадерсфилд Давид Вагнер кој потпиша договор до 2022 година.

Тоа ќе биде третиот тренер на Шалке за една година, да потсетиме Доменико Тедеско имаше катастрофален ефект, а го замени искусниот Стевенс кој делумно ги залечи „раните“. Вагнер е добар пријател на Клоп, всушност Клоп е кум на ќерките на Вагнер. Заедно почнаа тренерска кариера во Борусија Дортмунд, а потоа едниот отиде во Ливерпул, другиот во Хадерсфилд.

Вагнер имаше одлични резултати со Хадерсфилд кого го внесе во Премиер лигата во 2017 година, меѓутоа оваа сезона не можеше да го стави тимот во ритам и во јануари го раскина договорот. Англискиот клуб испадна од Премиер лигата.

Тој беше дел од екипата на Шалке која го освои трофејот во Купот на УЕФА во 1997 година по победата над Интер во финалето.