„Колку ќе ме чини тоа“, беше слоганот на успешна рекламна кампања на телефонска компанија во осумдесеттите години, кога се уште на пазарот доминираа жичаните телефони. Јувентус не си го поставил тоа прашање кога во 2017 година го донесе Даглас Коста во своите редови за огромни 48 милиони евра. А веројатно од изобилство на пари, не им е ни грижа што на Даглас Коста му плаќаат по 10.000 евра на минута, а играчот сезонава повеќе се глупира отколку што е на теренот.

Сезонава, ни самиот тренер Макс Алегри е изненаден од Даглас Коста чие однесување е тотално непрофесионално. Беше казнет четири меча поради плукање на Федерико Ди Франческо од Сасуоло, потоа предизвиканата автомобилска несреќа и бескрајните серии на психолошки проблеми, допринесоа бразилскиот фудбалер да одигра 626 минути во Серија А и уште 160 во Лигата на шампионите.

Алегри не верува на кое ниво падна Бразилецот, а се пошегува околу тоа:

„Даглас? Повеќе не знам дали е русокос или црнокос“.