По уште една бламажа во Лигата на шампионите, Барселона реши летоска да направи нови промени, а освен тренерски, дури десет играчи ќе бидат продадени или пратени под наем. Клубот работи на селекцијата за идната сезона, а на пик се фудбалери на холандскиот гигант Ајакс кој сезонава експлодира во Лигата на шампионите.

Веќе е договорен Френки де Јонг, Барса за него плати 75 милиони евра, но според каталонските медиуми каталонскиот клуб пикирал уште двајца фудбалери на тимот од Амстердам.

Со едниот преговорите се во напредна фаза, а тоа е младиот капитен Матијс де Лихт, додека третиот е играчот за врска Дони ван де Бек кој имаше одлични настапи, пред се во нокаут-рундите на елитното европско натпреварување.

За овој играч се интересираат Баерн и Ливерпул, но Барса е во предност затоа што ќе ги има соиграчите од Ајакс Де Лихт и Де Јонг па ќе му биде многу полесно. Неговата цена  изнесува 45 милиони евра.